ВИДЕО: Попови се возеа низ Велес и Кавадарци - „го бркаа“ коронавирусот

ВИДЕО: Попови се возеа низ Велес и Кавадарци - „го бркаа“ коронавирусот

Денеска попови од Велес качени на камионче и од Кавадарци качени на миниван шетаа низ овие два градови во необичен обид да „го избркаат“ коронавирусот од градот.

Дополнето:

Како што известува МИА, во Кавадарци денеска се читаше молитва за Бог да помогне и да го исчисти вирусот и сите неволји околу нас.

Свештеници ја прочитаа молитвата пред црквите „Света Петка“ и „Свети Димитрија”, ваташката црква.

– Покадивме секаде низ градот. Опфативме доста улици. Темјанот да покади секаде. Попрскавме со крстена вода. Секако дека веруваме дека тоа ќе помогне. Ако не веруваме, нема да го правиме, за МИА изјави еден од свештениците.

Велес

Кавадарци
Кавадарци

"Дезинфекција на ниво"Is this real life?

Posted by Jana Spasovska on Среда, 25 март 2020

Дополнето:

Се огласи владиката Агатангел – ги прскал улиците со света вода за спас од коронавирусот