ВИДЕО: По обидот за убиство во Кочани, телохранителот на Мијалков во бегство

ВИДЕО: По обидот за убиство во Кочани, телохранителот на Мијалков во бегство
19.01.19   18:17

Прочитано : 2,830

Print This Article

Драганчо Стоименов познат како Дацо Белски, којшто е телефранител на поранешниот шеф на УБК, Сашко Мијалков е во бегство по синоќешниот оружен инцидент, кој се случи во угостителскиот објект Аква во Кочани. Обвинителство денеска објави дека против него е почната истрага за сторено кривично дело убиство во обид, а четири лица се на распи за случајот. Телма вчера објави дека по расправија меѓу две групи Стоименов пукал во својот поранешен пријател Драган Здравев, познат како Дач.

Полицијата се уште не ги открива мотивите и покрај тоа што низ Кочани се говори дека пресметката е за рекет. Телма денеска беше во Аква или поранешната дискотека Тропикана. Вработените велат дека тие се од утринската смена и не биле сведоци на синоќешниот настан.

Во Кочани денеска е мирно низ улиците, а поголемиот дел граѓаните зад камерите велат дека не сакаат повторно да им се случува дивеење низ улиците, како што беше пред случајот Детонатор, а пред камерите одговараат дека првпат слушнале за инцидентот меѓу двете групи.

Стоименов или Дацо Белски не е непознат ниту на кочанци, ниту пак на македонската јавност, тој беше клучниот сведок во случајот Детонатор, а во кој за рекетарство, перење на пари, поставување на бомби и покер апарати на обвинителната клупа седнаа 16 лица од Кочани и Виница, но и повод да се сменат вкупно 13 полициски командири, меѓу кои и тогашниот началник на СВР-Штип. Осудените од кои дел и со доживотни казни затвор тврдеа дека се жртви на Стоименов. Токму во тој период на Стоименов, кој сега е бегалец му беа поставувани и бомби под автомобилите, пукано со ловџиска пушка, а последен инцидент му беше и со Александар Василевски-Нинџа.

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести