ВИДЕО: Пилотот во авионот му честиташе на Филип Додевски кој го освои бронзениот медал на ЕП во олимписко таеквондо

ВИДЕО: Пилотот во авионот му честиташе на Филип Додевски кој го освои бронзениот медал на ЕП во олимписко таеквондо
9.09.19   17:50

Прочитано : 1,018

Print This Article

Филип Додевски кој освои бронзен медал на официјалното европско првенство до 21 година во олимписко таеквондо кое се одржува во Шведска денеска беше поздравен од екипажот на авионот со кој се враќа во Македонија.

Пилотот му изрази честитка на Филип Додевски за освоеното трето место во такевондо.

-Ти благодарам Филип што така добро не претстави и Македонија на ова првенство, па затоа од екипажот на овој лет ќе добиеш мал поклон – рече пилотот.

Инаку вечерва во 19 часот Таеквондо Клубот Бутел ги повикува сите сограѓани во спортската сала на Оу Свети Климент Охридски-Бутел да го пречекаат европскиот медалист во олимписки спорт Филип Додевски.

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести