(ВИДЕО) Персонал на Клиниката за трансфузиологија спасени мајка и кутриња

(ВИДЕО) Персонал на Клиниката за трансфузиологија спасени мајка и кутриња
12.04.17   14:48

Прочитано : 419

Print This Article

Несекојдневна спасувачка акција на мајка и нејзините младенчиња кутриња е изведена од персоналот на Клиниката за трансфузиологија, соопшти Анима мунди споделувајќи видео од настанот.

– Тие без миг двоумење успеаја да спасат мајка со мали кутриња кои на, за нас нејасен начин, завршиле под бетонска плоча и дупка во дворот на клиниката. Докторите ја кренаа плочата, не се штедеа да се извалкаат и влезат во дупката за да ги извадат животните. Мајката и малечките тукушто прогледани кутриња се на безбедно, згрижени од актерката и активистката Ајета Реџеповиќ и госпоѓа Лидија, исто така голем активист – велат од здружението Анима мунди, кое јавно им се заблагодари на докторите и вработените во Клиниката за трансфузиологија, за кои велат, ја вратиле вербата во човечката хуманост, големина и добрина.

 

  Категории: