(ВИДЕО) „Печат на неделата“ со Фидановски, Чадиковски и Андоновски: Каков претседател му e потребен на ЗНМ?

(ВИДЕО) „Печат на неделата“ со Фидановски, Чадиковски и Андоновски: Каков претседател му e потребен на ЗНМ?
12.12.18   23:07

Прочитано : 143

Print This Article

„По упадот во А1 телевизија кој тогаш беше водечки медиуми и тоа значеше почеток на апсолутистичко владеење во тоа време, ние го избравме раководството на ЗНМ со Селмани како претседател. Во овие 8 години ЗНМ израсна во препознатлив бренд и еден од најважните чинители за јавноста и ставот по прашања поврзани со медиумите. Како поткрепа на тоа сите релевантни меѓународни организации кога составуваат извештаи за Македонија задолжително не го заобиколуваат ЗНМ. ЗНМ помина низ жестоки години на притисоци и одигра голема улога во спротивставувањето на притисоците од претходната власт, рече Зоран Фидановски, новинар и член на АВМУ.

„Оваа улога што ЗНМ ја одигра од 2010 година особено во период во кој беше тежок за новинарството, па новинарството и новинарите останаа една од ретките професии што пружија отпор против тоталитаризамот и против цензурата и создавање на едноумие. Од тогаш до сега ситуацијата е драматично променета во делот на тоа што се вели притисоци и обид за притисоци, но да не заборавиме дека секоја власт ќе сака директно или индиректно да влијание врз слободата на говорот. Дури и најдемократската власт ќе се обиде да стави мини контрола во тој домен наше е тоа да не го дозволиме. Функционирањето на ЗНМ во голема мера зависи од улогата на новинарите кои се дел од здружението, смета новинарот Младен Чадиковски кој е и кандидат за прв човек на ЗНМ.

„Не е само до здружението, на него му требаат новинарите. Да не заборавиме дека го почнавме и синдикатот, тие две организации соработуваа заедно. ЗНМ не може само да работи, битно е колку новинарите ќе партиципираат, а во голема мера влијае и солидарноста на новинарите“, рече Драган Андоновски, новинар и директор на МИА.

Каква е ситуацијата со ЗНМ и воопшто со новинарите споредено од пред неколку години? Каде е денес ЗНМ и каков претседател му треба? Колку новинарството во Македонија е спремно да пружи отпор на сите појави на тоталитарни режими и каква улога одиграа новинарите во последната деценија? Трендот на неказнивоста на нападите врз новинарите и каква е состојбата по промената на власта? Состојбата во АВМУ……

Целиот разговор во „Печат на неделата“ со Фидановски, Чадиковски и Андоновски погледнете го во видеото.

  Категории:
view more articles

Останати вести