(ВИДЕО) Од сон во реализација – првото рачно изработено Ламбурџини во Македонија

(ВИДЕО) Од сон во реализација – првото рачно изработено Ламбурџини во Македонија
25.10.18   21:26

Прочитано : 1,070

Print This Article
loading...
loading...

Од сон и идеја до реализација. Менсур Кадриу од Арачиново е креаторот на автомобилот изработен по моделот на Ламбурџини. Пред камерата на 1ТВ, Кадриу раскажува како од Рено Лагуна направил Ламбурџини, со сечење и составување на деловите.

По изработката и појавувањето во јавност со новиот автомобил, заинтересираноста кај луѓето постојано расте, вели тој. Освен луѓе кои сакаат да се фотографираат со македонското Ламбурџини, тој веќе добил и понуди за продажба на автомобилот.

До крајот на 2019 година, од Менсур Кадриу може да се очекуваат уште две нови возила кои од идеја има план да ги реализира – Ферари и Бугати.

  Категории: