(ВИДЕО) Небањата Саботажа

(ВИДЕО) Небањата Саботажа
7.10.19   23:20

Прочитано : 1,464

Print This Article

Специфичната политичка реторика и дава сосема нова содржинска форма на одговорноста. Желбата пред гласачите да се остане чист е иманентна. По секоја цена, се бараат модалитети како да се достигне тоа ниво, за да се има бел образ, не само пред тие кои што одлучуваат, туку и пред самите себеси.

„Значи, барам солидаризација од Ваша страна, да ми овозможите, да ми најдете некое купатило, да одам да се избањам…не можам да бидам нечист и да смрдам од моето тело и од мојата уста…значи, барам пауза за да одам да се избањам“.

Искреноста е сепак најважната карактеристика која ја почитуваат избирачите. Се разбира, доколку со нејзина алтернативна интерпретација, таа наместо вистинската, добива чудна и збунувачка конструкција за емотивната состојбата, во која доминира желбата за нагонски активности кои треба да ја смират натрупаната енергија.

„Напишав неколку точки, кои мислам дека ќе ги разберете како мое емотивно чувство. Ве молам бидејќи сум возбуден, барам поддршка од пет советника за 15 минути пауза“.

Веројатно количеството адреналин при појавата на камера расте, па објективот станува нем сведок на наивни обраќања, кои и покрај добронамерните обиди, ниту со професионално изострено уво не може да бидат протолкувани.

„Знае мислам од „министерко петко“ за таа работа и он го дојде тука“.

Тоа што не се знае кој дошол, што дознал и со како си заминал, не значи дека понекогаш се има јасна мисла, особено кога е во прашање сопственото задоволство. Тогаш не е најважно многу да знаеш, туку да бидеш снаодлив.

„Отварачот на колонијата и затварачот бев јас, во отсуство на градоначалникот и поклонот го дадоа за градоначалникот, ама ја не му го дадов“.

И публиката доби подарок. За сите оние кои сериозно го почувствуваа отсуството на квалитетна и издржана дебата, политичка луцидност и креативни толкувања на правото, следува период во кој со нова свежина и силна енергија се враќа алката која недостигаше.

„Пред неполна година, тоа беше впрочем мојата последна емисија во која што сум учествувала…почувствував дека веќе нема што да кажам.“

И на крајот. Заморот на материјалот е минато. Големината на враќањето мора да биде евидентирана во некоја нова бајка.

„Ова е приказна за Снежана и 23 џуџиња околу“.

Приказна или бајка, сеедно. Седум или 23, исто така. Важно е тоа што секој што се занимава со политика, изгледа си има свое волшебно огледало.

Извор: 360 Степени

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести