(Видео) МОСТ: На едно гласачко место во Студеничани денес нема да се спроведува гласање

(Видео) МОСТ: На едно гласачко место во Студеничани денес нема да се спроведува гласање
21.04.19   11:39

Прочитано : 211

Print This Article
мост-1

МОСТ ги демантира информациите кои се појавија во медиумите дека на првата прес-конференција одржана во 9:00 часот било известено за прекин на гласање поради неработење на УВ ламба и за графит со политичка содржина. На првата прес-конференција МОСТ извести само за гласачкото место 2344 во општина Студеничани. Напоменуваме дека официјалните соопштенија на МОСТ се испраќаат од меил адресата [email protected]

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места забележано е следното:

  • ГМ 2344 во општина Студеничани не се отвори до 10 часот и поради тоа на ова ГМ денес нема да се спроведува гласање.
  • На ГМ 0531, с. Здуње, општина Гостивар, член на избирачкиот одбор ги откинал првите три гласачи ливчиња заедно со серискиот број и истите биле искористени за гласање. Известена била општинската изборна комисија, направен бил записник и гласањето продолжило.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 9 часот е 3,7%, додека до 10 часот е 6,6%.

  Категории: