ВИДЕО: Млади студенти кои знаењето од факултетот го користат за помош на деца со специјални потреби

ВИДЕО: Млади студенти кои знаењето од факултетот го користат за помош на деца со специјални потреби

Четворица млади луѓе, студенти на Машинскиот факултет од Скопје направија прототип на скејтборд за деца со посебни потреби.

-Нашиот факултет не е само за оценки и дипломи, туку самае да го искористиме знаењето за нешто подобро, се согласивме да се обидеме тоа да го направиме и мило ни е што успеавме. Прототипот се покажа добро и во разговори сме со деканатот на факултетот да изработиме уште неколку варијанти. Првично сакавме да видиме дали функционира сето тоа, но сега размислуваме и од медицински аспект, да ја промениме конструкцијата, наместо скејтборд да ставиме помагало, со кое би се добила една друга варијанта. Имаме дискусии со стручни лица, со доктори и специјалисти, со физиотерапевти и тие многу ни помогнаа да увидиме кои точки од телото на корисникот се критични и кои треба да се фиксираат. Разговараме и со родители на децата. Насмевката која што ја добивме од првиот корисник на овој скејтобрд беше бесценета и тоа ни беше мотив да продолжиме да работиме – изјавија за Утрински брифинг Фросина Максимовска, Анастасија Игњатовска , Бобан Кусигерски, Ангел Анѓушев, млади студенти кои низ практична примена го користат знаењето добиено од факултетот каде што студираат.