(ВИДЕО) Мицкоски: Заев, Камчев, Мијалков, Груевски, секој кој сака да помогне, може да донира за долгот на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Мицкоски: Заев, Камчев, Мијалков, Груевски, секој кој сака да помогне, може да донира за долгот на ВМРО-ДПМНЕ

Неодамна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, откри дека ВМРО-ДПМНЕ има долг од речиси 8 милиони евра во банка, и дека имот на партијата е под хипотека.

Паааа ако не сакаш да споделиш со јавноста како ќе го менаџираш долгот како можеш да бараш од граѓаните, од мене, од Камчев, Мијалков, Груевски да донираат… Којзнае кај ке завршат моите пари 😂

Posted by Furkan Saliu on Понеделник, 24 февруари 2020

Денеска претседателот на партијата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање потврди дека партијата има голем долг и дека има имот под хипотека, но рече дека партијата засега навремено го отплаќа долгот и нема никакво предупредување во однос на ова.

Запрашан дали би прифатиле помош преку донација од Орце Камчев и Сашо Мијалков, Мицкоски рече дека на веб страната на ВМРО-ДПМНЕ има жиро сметка на која секој граѓанин може да уплати пари и да ја помогне партијата.

– Апсолутно од секој граѓанин во оваа држава. Зоран Заев, Орце Камчев, Сашо Мијалков, Никола Груевски, вие, било кој… којшто цени дека треба и сака да помогне е добредеојден – рече Мицкоски.

Овој дел од новинарските прашања и одговори започнува на 7:50 од видеото:

Прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Posted by Kurir on Понеделник, 24 февруари 2020