(ВИДЕО) Мицкоски во „Стадион“: Гарантирам минимум 100 илјади гласови разлика на изборите

(ВИДЕО) Мицкоски во „Стадион“: Гарантирам минимум 100 илјади гласови разлика на изборите
23.10.19   19:52

Прочитано : 1,935

Print This Article

„Гарантирам – на предвремените парламентарни избори разликата ќе биде минимум 100.000 гласови во наша полза во однос на СДСМ”, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, . во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77.

Збоувајќи за недобиениот датум за почеток на преговори со Европската унија, тој истакна додаде дека неправдите кон македонскиот народ и македонската држава биле присутни од многу одамна.

– Но, треба да ги видиме пораките, да седнеме, да ги отстраниме проблемите кај нас, недостатоците што ги имаме во општеството. Колку тоа ќе трае од оваа перспектива е тешко да се каже. Но, нема да биде предолго зашто капацитетите на ВМРО-ДПМНЕ и на структурите што се надвор од тесното јадро на СДСМ се големи – рече Христијан Мицкоски.

Беше прашан и за тоа, ако на изборите победи ВМРО-ДПМНЕ, како ќе се однесува во однос на Законот за јазиците од аспект на можно коалицирање со партии на Албанците.

– Ние немаме ништо против јазиците на етникумите, но тоа мора да се прави функционално, применливо, во согласност со законите и со Уставот. Повеќепати апелиравме за Законот за јазици. Тоа што конкретно го кажавме се виде дека го потврди Венецијанската комисија.- истакна Мицкоски.

На прашањата – зошто избегал Груевски во Будимпешта и ќе се огради ли, конечно, еднаш јасно од него, Мицкоски рече дека сето она што причинило неправда некому, а било политика на ВМРО-ДПМНЕ, е подготвен да го прифати, доколку тие аргументи ги победат неговите, и да побара прошка.

– Јас навистина не знам зошто избега Груевски. Но, мислам дека одговорот го знаат Зоран Заев и Оливер Спасовски, а ако и тие не знаат, тогаш треба да има некаква одговорност за нив – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на предлозите Македонија да биде една изборна единица, Мицкоски нагласи дека тие се за изборен модел што ќе го гарантира гласот на секој граѓанин, но кој ќе биде и функционален. Но, додаде и оти досега немало никакви официјални разговори за промена на изборниот модел, туку само се разговарало како препораките на ОБСЕ и ОДИХР да се вградат во Изборниот законик и на тој начин да се подобри изборниот процес.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше прашан и колку го продал уделот во трите хидроцентрали.

– Тоа чини онолку колку што имам вложено, околу 70.000 евра од вкупната инвестиција за трите мали хидроцентрали. А како некој професор имал доволно пари за ваков бизнис, јас како доцент имав плата помалку од 40 000 денари, но истовремено бев консултант за странски компании. Во тоа време на тендерот за хидроцентрали учествуваше и сегашниот вицепремиер, Кочо Анѓушев со кој и денес се дружиме и работиме заедно – додаде Мицкоски.

Со прашања, ставови и мислења за профилот на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски,, во емисијата учествуваа новинарите Љубиша Николовски, Душица Мрѓа, Горан Момировски, Зоран Иванов, Марјан Николовски, и лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ.

Најголемите забелешки беа за (не)срдечноста на Мицкоски – повеќе да се смее, неодреденост и недефинираност во ставовите – оркугло па на ќоше, стравот јасно да се огради од Никола Груевски и ретроградното кокетирање со патриотизмост и национализмот. Новинарите го пофалија за неговата отвореност кон медиумите, учество на дебати и неприменувањето на радикални активности и протести во изминатиот период , особено за референдумот и за евроатлантските интеграции.

ВМРО-ДПМНЕ треба да се консолидира за да дојдеме до подобри резултати – порача градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој во емисијата се соочи со партискиот лидер.

Јанчев реагира дека медиумите направиле пропаганда против него прикажувајќи лажна членска книшка од СДСМ. Тој побара од претседателот на партијата да го споменува почесто кога зборува за градоначалниците од неговите редови за да се види кој колку е успешен.

– Јанчев, кој не е исклучен од партијата, само е разрешен, е во право кога мисли дека е најуспешен градоначалник, но мене во емисии најчесто ме прашуваат дали се оградувам од Никола Груевски . Сите што мислат дека политиките на Заев се погрешни, се добредојдени- одговори Мицкоски, на што градоначалникот реплицираше дека неговите лични ставови и пофалбите за храброста на Заев се либерални.

На прашањето, што доколку Јанчев формира партија, Мицкоски истакна дека секој што смета дека треба да формира партија, треба да го направи тоа со што ќе биде побогата политичката сцена и демократијата во Македонија.

Според градоначалникот на Кавадарци сите политички субјекти треба да постигнат договор за да може државата да се движи кон ЕУ и НАТО:

– Кој и да е на чело не треба да отстапува. Не треба да им дадеме на луѓето лажна надеж и да создадеме несигурност и апститенција на изборите – изјави Јанчев.

  Категории:
view more articles

Останати вести