ВИДЕО: „Ми го земаа крстот од раце, со закани“ - што кажа фаќачот во Штип

ВИДЕО: „Ми го земаа крстот од раце, со закани“ - што кажа фаќачот во Штип

Закани, туркање,влечење и непристојни зборови за во чии раце да биде крстот. За среќа, инцидентиот што фрли дамка на Водици во Штип, не траеше долго, пренесува ТВ Стар.

„Ми го земаа крстот од раце. Таму каде што јас и останатите се наведавме да го земеме, јас го фатив крстот, но еден од кандидатите со закани кон мене, пушти го, пушти го, јас го фатив,а не ти, сакаше да ми го земе крстот, но бев упорен и не го дадов“, изјави Наумче Балевски – граѓанин

Брегалничкиот митрополит објави соодветни мерки како опомена за во иднина да не има вакви и слични инциденти…

„Бидејќи настана еден немил настан, затоа предложив, додека се смират луѓето и се намали тензијата, крстот да остане во црквата оваа година. А, в година ако се средат работите како и годините наназад, повторно крстот ќе биде носен низ градот. Бидејќи крстот ќе биде во соборниот храм свети Никола, од утре секој кој сака да дојде ќе може да го стори тоа, да го бакне крстот и да се помоли“, изјави г. Иларион – митрополит Брегалнички

Среќниот е Наумче Балевски. Од владиката г. Иларион, градоначалникот Благој Бочварски и неколку компании Балевскки прими пригодни подароци…

Чест ми е што за прв пат го фатив крстот во Штип. Инаку, по мајка ми сум половина штипјанец, изјави Наумче Балевски –

Брегалничкиот митрополит ги благослови Водици во Штип…

Бог се јави, нека е честит и веќен празникот. Како и сите претходни години, и оваа според преданиата светиот крст се спушти во Брегалница како симбол на реката Јордан, и крштевањето господово. Од ова место посакувам мир и благослов на сите луѓе како во Штип така и пошироко“, изјави г. Иларион – митрополит Брегалнички

Помирна и попристојна атмосфера беше во Ново Село. Традиционално од стариот мост кај јаворот, 30-мина кандидати ги грееше надежта дека кај некој од нив оваа година ќе и се посреќи со фаќање на крстот. Најсреќен помегу нив, беше Антонио Станкков. Како од епархијата, така и од општината и повеќе фирми доби пригодни подароци…

„Посакувам здравје и среќа на сите. Ова ми е втор пат како го фаќам крстот и сум неизмерно среќен“, изјави Антонио Станков

Фрлањето на крстот во Брегалница го следеа штипските парламентарци и нивни колеги политичари

„Убав ден во Штип, убав ден во целата Македонија, им го честитам големиот празник на сите православни верници во Македонија, и за многу години да е денот“, изјави Рашела Мизрахи – тех, мин во МТСП
„Драго ми е што на овој голем христијански празник сум дел од манифестациите што се оддржуваат во Штип. И од тука во име на СДСМ, на сите им го честитам овој голем христијански празник“, изјави Љупчо Николовски – ген сек. на СДСМ

„Ја користам оваа прилика, на сите мои сограѓани и граѓани од истокот и земјата да им го честитам денешниот голем христијански празник Водици, со желба за здравје, успех и среќа кај нив и останатите“, изјави Благој Бочварски-градоначалник на о. Штип

За период од неколку години ова е втор посериозен инцидент. Претходно, по чии и мотибви беше снимен и долгометражен филм, беше инцидентот во Ново Село, кога од раце на девојка и беше одземен крстот…