ВИДЕО: Мече спасено од пожарите во Сибир не престанува да го гушка човекот што го спасил

ВИДЕО: Мече спасено од пожарите во Сибир не престанува да го гушка човекот што го спасил
6.08.19   13:51

Прочитано : 2,406

Print This Article

Во последните денови се локализирани десетина пожари на територија од 3.700 хектари во сибирската република Јакутија, но пожарите и понатаму беснеат поради што на терен се испратени и дополнителни екипи по наредба на претседателот на Русија Владимир Путин.

Според последните податоци на Владата во Русија пожарите зафатија површина од 1,2 милиони хектари.

Метеоролозите најавуваат дожд во дел од подрачјата зафатени со огнот, но не се очекуваат поројни дождови кои би ги изгасиле пожарите, пишува Поглед.мк.

Спасено от горски пожар мече не пуска своя спасител!!!Не обиждайте животните, като наричате някой човек "животно"!!!

Posted by Фьодор Дечев on Недела, 04 август 2019

На социјалните мрежи се појави видео за кое уште не знаеме дали е старо или е пак од сега, а во кое мало мече кое е спасено од пожарите не го пушта од прегратка својот спасител. Ова видео сепак испраќа силна порака: Не навредувајте ги животните со тоа што ќе наречете некој човек „животно“.

  Категории: