ВИДЕО: Лозановски го поправи водителот на MAC 2020: Доаѓам од Македонија

ВИДЕО: Лозановски го поправи водителот на MAC 2020: Доаѓам од Македонија

Влатко Лозановски на фестивалот MAC освои награда за најдобра поп-фолк нумера за песната „Мајко“.

Водителите на манифестацијата го најавија како пејач од Северна Македонија, но при подигнувањето на наградата, Лозановски ги поправи велејќи им: „Тоа е Македонија, а не со тој додаток.“ Ова предизвика многу реакции и поделени мислења на социјалните мрежи.

Влатко победи во силна конкуренција, меѓу номинираните беа Тропико бенд, Наташа Беквалац, Антонија Шола, Илма Карахмет и Лексингтон бенд.

Влатко им се заблагодари на сите што гласаа за него.