ВИДЕО: Катица Јанева на распитот дојде со адвокат, како да е осомничена

ВИДЕО: Катица Јанева на распитот дојде со адвокат, како да е осомничена
20.08.19   11:32

Прочитано : 1,112

Print This Article

Специјалната обвинителка Катица Јанева изутринава пристигна во Обвинителството за организиран криминал каде што треба да даде исказ за случајот „Рекет“ во кој осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милески за рекетирање на бизнисмени.

Интересно е дека таа во Обвинителството не дојде сама туку со адвокат, како да е осомничена, а не сведок во истрагата. Се работи за адвокатот Стеван Павлески, кој е адвокат и на осомничениот во „Империја“ Цветан Панделески. Другите обвинители од СЈО кои дојдоа да дадат искази доаѓа сами, а не со адвокат.

Јанева на доаѓање во Обвинителство изјави дека се надева оти со нејзиниот денешен исказ ќе поогне да се забрза истрагата за „Рекет“.

– Јас сум се уште специјален обвинител. Моите колеги имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите пред суд. Се надевам дека ќе имаме повеќе разрешници оваа есен. Што се однесува до мојата изјава денеска се надевам дека со моите аргументи и мојата изјава ќе ја забрзам истрагата, рече Јанева.

Катица Јанева пристигна во Обвинителство

Posted by MИА.mk on Вторник, 20 август 2019

Досега во Обвинителството искази дадоа специјалните обвинители Лиле Стефанова, Елизабета Јосифоска и Бурим Рустеми, а вчера на распит во ООК беше донесен второосмничениот Зоран Милески – Кичеец, како и пензионерката Лилјана Тодоровски, која е потписничка на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески најави дека инволвираните во случајот „Рекет“ ќе бидат неселективно сослушани или распитани.

view more articles

Актуелно