ВИДЕО: Изгласан мораториум за градба во Струга

ВИДЕО: Изгласан мораториум за градба во Струга
14.08.19   20:34

Прочитано : 231

Print This Article

Без присуство на градоначалникот Рамиз Мерко, струшките советници денеска сами дискутираа и сами го изгласаа акцискиот план со кој прогласија времен мораториум за градба се до формирање на планот за управување со регионот, објави ТВ24.

Дадоа зелено светло и за рушење на дивоградбите и за отстранување на депонијата, но и за контрола врз појасот со трски. Опозициските Алијанса на албанците и ВМРО ДМПНЕ велат поддршката е исклучиво за помош на регионот и почитување на УНЕСКО, но не веруваат дека во општина Струга нешто ќе се промени следниот период а за тоа велат говори незаинтересираноста на првиот човек на градот кој е отсутен при донесување на една ваква важна одлука.

Коалиционите партнери на општинската власт до Струга,СДСМ пак се оптимисти дека ако има политичка волја до февруари ќе се исполнат клучните препораки а до 2021 година и останатitе од долгиот список.

Но, од кога Мерко ќе стартува со исполнување на планот е непознато бидејќи откако не се појави на седницата остана недостапен и на телефон.Во претходните негови излагања тој тврдеше дека во Струга нема дивоградби како во Охрид, а последно ги предаде ингеренциите на Владата незадоволен од комуникацијата со локалните градежни инвеститори.

Струшкото крајбрежје е една од многуте забелешки на УНЕСКО поготово изминатата пролет кога секој ден гореа цели појаси за трска за која екологистите и јавноста обвинуваше дека намерно се пали за да градат нелегално хотели. Исто како и во Охрид и во Струга сега ќе се врши евалуација на сите крајбрежни објекти а за тие за кои што ќе се испостави дека ја загрозуваат животната средина ќе бидат срушени најдоцна до 2021 година.

  Категории: