(ВИДЕО) Интервју со Дескоска: Навистина е тешко да обезбедите 80 пратеници за законско решение за СЈО, кое не смее да вклучи амнестија

(ВИДЕО) Интервју со Дескоска: Навистина е тешко да обезбедите 80 пратеници за законско решение за СЈО, кое не смее да вклучи амнестија
15.05.19   23:33

Прочитано : 556

Print This Article

Уредникот Борјан Јовановски во интервјуто со министерката за правда Рената Дескоска зборуваше за измените на законот за обвинителство со кој треба да се реши статусот на СЈО после шест рудни преговори, две недели пред објавата на извештајот за напредокот на ЕК, која го постави како услов решавањето на овој проблем.

Според Дескоска во овој момент нема напредок во преговорите во кој покрај политичките партии, вклучени се и експерти и претставници на меѓународната заедница.

„Еден од најтешките предизвици во министерството уште од првиот момент кога влегов, бев свесна дека ќе биде Законот за јавно обвинителство, бидејќи вклучува сосема спротивставени интереси и лични интереси на оние кои треба да дадат поддршка и да гласаат. Навистина е тешко да обезбедите 80 пратеници околу закон кој треба да содржи одредби за продолжување на постапки од СЈО, кои не смее да вклучи амнестија преку законски одредби и кој треба да даде одржливост на систем на владеење на правото, кој значи гонење на криминал.

Од тие причини поминаа повеќе рунди и неформални состаноци и тоа не само со политичките партии со кои преговараме, туку и со различни експерти и претставници на меѓународната заедница, со цел да видиме каде можеме да се движиме. За жал во овој момент не можам да кажам дека имаме напредок во разговорите за СЈО, но клучниот проблем е се уште проблем кој останува. За некои работи најдовме приближување, но тоа беа работи кои не го тангираа клучниот камен за сопнување, а тоа се постапките“, рече Дескоска која истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има доставено до министерството за правда одредени амандмани, но тоа што е реално проблем во целиот процес е прашањето за СЈО.

Што ќе се прави со постапките кои се покренати по 18 месеци како што беше предвидено со рокот на СЈО?

„Токму тие постапки се клучниот камен на сопнување. Што со нив? Во предлогот на министерството стои дека тие постапки продолжуваат и ќе ги продолжи обвинителството што е надлежно, а според надлежностите тоа е СЈО. Од страна на опозицијата постои барање тие постапки да бидат прекинати и сите докази кои биле собрани да не важат. Кога ќе ги прекинете постапките, има практична неможност после тоа да ги отворате“, кажа Дескоска.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести