(ВИДЕО) Интервју на Стинг за Телма: Песните се одраз на мојата приказна

(ВИДЕО) Интервју на Стинг за Телма: Песните се одраз на мојата приказна
6.06.19   11:43

Прочитано : 324

Print This Article

Телма: Jа започнавте вашата европска турнеја во Париз, вчера бевте во Софија, денеска сте во Скопје, потоа продлжувате во други европски градови. Дали се уште чувствувате возбуда пред вашите настапи пред илјадници луѓе?

Стинг: Знаете, мојата работа е да пејам песни кои можеби сум ги напишал и пред 40 години, 30 години или 20 години, со истата страст, истата љубопитност и истото уживање како да сум ги напишал денеска. Тоа е мојата работа. Тоа што ми помага да ја вршам својата работа е реакцијата на луѓето. Кога излегуваме на сцената, бендот и јас и сите се задоволни дека не гледаа, тоа не исполнува со адреналин и возбуда. Дури и во случај кога пред шоуто можеби не се чувствувате возбуден, излегувањето пред луѓето ве крева нагоре.

Телма: Значи, велите дека се уште чувстувате нервоза пред настапите?

Стинг: Можеби не толку нервозен, колку што значи да се биде подготвен. Ментално, физички, затоа што ова е навистина чудна работа. Јас не сум екстровертна личност, прилично сум срамежлив. Но, кога ќе излезам на сцената, јас имам работа која треба да ја завршам и публиката ми помага.

Телма: Вие најавивте дека ќе издадете нов албум за кој, според вашата изјава која ја прочитав, велите дека е ваша музичка биографија и го поврзува вашето минато со сегашноста. Се уште имате креативна енергија, дури и по четири децении на сцената. Како го објаснувате тоа?

Стинг: Да, се уште го правам тоа. Мојата форма на изразување е да пишувам песни, јас не сум новелист, не сум поет. Не сум сликар. Јас сум музичар и затоа песните се одраз на мојата приказна. Се сеќавам каде сум ги напишал, се сеќавам што се случувало во мојата глава во тој период , се сеќавам што се случувало во светот. Песните се одраз на сето тоа. Дури и кога не пејам за себе, расположението на песната е одраз на тоа како јас сум се чувствувал.

Телма: Сега кога гледате наназад, што чувствувате дека е најголемото постигнување во вашиот живот?

Стинг: Јас навистина не размислувам на тој начин. Се обидувам да го доживеам секој момент како што се случува. Не сметам дека сум тука да создавам легенда или историја. Јас само ја вршам својата работа. Ја сакам својата работа, ја сакам целосно, но сметам дека тоа не е нешто толку специјално.

Телма: Но, вие сте музичка легенда и дали чувствувате дека ја редифиниравте рок енд рол сцената уште од времето на Полис?

Стинг: Не, тоа е само израз – музичка легенда. Јас сум музичар. Јас сум музичар кој има работа. Легенда е некој вид мит, некоја бајка. Јас сум од реалноста и не сакам да бидам легенда.

Телма: Но многу музички критичари и луѓе од целиот свет се согласуваат дека Полис и Стинг ја редифинирале рок енд рол сцената во тоа време, уште од 70-тите и 80-тите, не само во поглед на музичките стандарди, туку и општествените стандарди, политичкото движење во тој период.

Стинг: Убаво е да се чуе тоа, но јас не го вреднувам и не гледам на својот живот, како нешто друго од тоа што се случува во овој момент. И затоа не сметам дека сум легенда.

Телма: Дали сметате дека рок енд ролот сега може да влијае на општеството и на животот на луѓето , како во периодот на 70-тите на пример?

Стинг: Мислам дека може да засадите семе во нечиј ум со песната. Јас вечерва ќе настапам пред 18 или 20 илјади луѓе. Некои од нив можеби ќе станат дел од политичката класа и ако вечерва засадите семе во нивниот ум и тие еден ден можеби станат претседател, тоа можеби би можело да успее. Не можете да го промените светот вечерва, со песна. Тоа не функционира.

Телма: Но, музиката го променила светот многу пати. Имаше големи бендови како Полис, Лед Цепелин, Ролинг Стоунс и тие го промениле светот на некој начин.

Стинг: Мислам дека во источниот блок, знам дека оваа држава била дел од поранешната Југославија, рок енд ролот во голема мерка бил симбол на бунтовништвото. –Точно. Го знам тоа , знам дека тоа е вистина. Дури и многу повеќе од Западните земји, каде го прифатија здраво за готово. Го разбирам тоа што го велите и тоа е навистина интересно.

Телма: Има една интересна работа околу Вашата кариера. Кога промовирате нов албум, новиот материјал го промовирате пред избрани фанови, пред малку луѓе, а сосема е поинаку кога настапувате на стадиони или во поголеми сали. Зошто избирате така?

Стинг: Знаете, обично кога промовирате нов материјал пред публиката, бидејќи не е запозната со  тоа, има помалку реакции. Но, кај овој албум, всушност целиот материјал е преснимен и веќе го препознаваат. Овој пат е многу полесно.

Извор: Телма

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести