(ВИДЕО) Илиевска: Студентските трошоци приближно колку месечна македонска плата

(ВИДЕО) Илиевска: Студентските трошоци приближно колку месечна македонска плата
12.12.18   22:18

Прочитано : 109

Print This Article

Согласно истражувањето, студентските месечни трошоци или „студентската кошничка“ изнесува 21.410 денари за студенти кои студираат со партиципација и 22.435 денари за студенти кои студираат со кофинансирање, односно кои плаќаат школарина. Таа вклучува трошоци како партиципација, односно школарина, трошоци поврзани со факултетот, трошоци за секојдневен живот, понатаму трошоци за превоз, домување но и режиски трошоци.

Студентскиот стандард е доста низок и финансиска состојба на студентите е навистина тешка. Најголемиот дел од нив живеат со родителите или старателите, кои се и најзначаен извор на финансии за студентите. На месечно ниво, за секојдневни трошоци, студентите располагаат просечно со 8.894 денари, износ кој за споредба, претставува 36,3% од просечната месечна нето-плата од мај 2018, или 74,1% од минималната месечна нето-плата во државата. Од овие средства, тие најмногу трошат на храна, алкохол и цигари, како и на хигиена и медицински производи. Најмалку трошат на културно-забавни настани, книги, списанија, весници или пак интернет-претплати.

Извлечени се повеќе препораки за Владата на РМ и Министерството за образование, како и препораки за другите владини институции, универзитетите и факултетите но и за студентските домови, а се со цел олеснување на животот на студентите, но и подобрување на студентскиот стандард.

На тема студентски живот и прашања поврзани со младите одговори во Централниот дневник на 1ТВ даде Мартина Илиевска од Младинскиот образовен форум.

Разговорот погледнете го во видеото:

  Категории:
view more articles

Останати вести