(ВИДЕО) Хан: Државата е во многу лоша состојба

(ВИДЕО) Хан: Државата е во многу лоша состојба
16.01.16   01:26

Прочитано : 11,267

Print This Article

Еврокомесарот Јоханес Хан на заминување од резиденцијата во Пржино изјави дека денеска сфатил дека е невоможно да има договор за сите четири политички партии. Тој кажа дека се надева дека трите политички партии ќе се држат за договорот од Пржино, пренесе А1он.

-Државата во овој момент е во многу лоша состојба, рече Хан.

Тој најави дека ќе дојде уште еднаш во Македонија и дека единствено што може да гарантира дека европските институции стојат на располагање и затоа побарал од Питер Ванхауте да остане во земјава и да ги вложи сите напори да се решат проблемите.

– Вечерва тројца од четворицата лидери беа сложни за датумот и гарантираа исполнување на обврските. Земјата е во многу тешка состојба. Она што го видовме во 2015 година продолжува и во 2016 година. Сметам дека владата, политичката елита и Парламентот треба да обрнат внимание на оваа многу сериозна ситуација од која е засегната и економијата на земјата и нејзината евроатланската перспектива. Денеска сфатив дека не е можно да се постигне договор помеѓу сите политчки партии за одржување на избори на 24 април. Постои демократска определба за одржување на избори бидејќи има посветена влада и силна опозиција. Европската унија силно ќе ги надгледува изборите преку свои претставници и од европски институции. Досега се е хипотетички дали ќе се исполни договореното, рече Хан.

извор: а1он.мк

  Категории: