ВИДЕО: Граѓаните бесни откако беше прегазено дете: Ќе го запалиме Ѓорче, ако падне уште една жртва

ВИДЕО: Граѓаните бесни откако беше прегазено дете: Ќе го запалиме Ѓорче, ако падне уште една жртва
15.04.18   21:38

Прочитано : 2,556

Print This Article

Граѓаните гневни на полицијата, велат не си ја извршуваат добро работата – „Ако уште еднаш падне жртва овде, ќе го запалиме цело Ѓорче“. Ваква е атмосферата пред основното училиште „Мирче Ацев“ во скопската населба „Ѓорче Петров“, откако 10-годишно момче вечерва беше прегазено во сообраќајна несреќа.

Жителите кои се собраа на улицата „Борис Сарафов“ за „Макфакс“ трврдат дека на оваа улица секојдневно има трки со мотори и автомобили, а полицијата не презема ништо.

Секој ден тука ни се децата, овде одат на училиште. Зарем треба да го затвориме дома?“, прашуваат граѓаните со револт.

Велат дека Општината ја префрла вината на градот, а градот на полицијата.

„Повеќе пати баравме да се постават легнати полицајци, но не дозволуваат бидејќи било главна улица“, раскажуваат собраните.

Во моментов полицијата врши увид, а улицата „Борис Сарафов“, каде се случи несреќата е затворена за сообраќај.

Претходно, од МВР за „Макфакс“ соопштија дека до сообраќајната несреќа дошло кога возило од марката „опел астра“ удрило во детето, кое по ударот било пренесено на Ургентниот центар. Засега не е познато во каква здравствена состојба се наоѓа.

Видео – Макфакс

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести