ВИДЕО: Графити против ДУИ во Тетово

ВИДЕО: Графити против ДУИ во Тетово

„Муса+Али УДБА сте двајцата“, „Гадови, одете си од Тетово“, „ДУИ, марш од Тетово“, „Али, оди си“ се дел од многубројните графити напишани минатата ноќ низ улиците, ѕидовите, кружните текови и разни објекти низ градот Тетово, објави Цивил Медиа.

Оваа акција на млади тетовчани е фотографирана и објавена во видео прилог на Фејсбук видео на кое не им се гледа лицето , доаѓа по објавувањето на бомбите на Ел Чека каде се слушаат челници на ДУИ како ги навредуваат тетовчаните и интелектуалците од Тетово.

Официјално, никој не ја презема одговорноста за нацртаните графити, а на сликите и видео снимките кои се шират по социјалните мрежи се гледаат само рацете и телата на младите тетовчани. Меѓу графитите има и пораки во кои се бара седиштето на ДУИ да се отсрани од Тетово, барање што деновиве наголемо се споделува на социјалните мрежи.