ВИДЕО: Голем револт кај родителите по вчерашната тешка сообраќајна несреќа во Штип. Ќе протестирата пред училиштето

ВИДЕО: Голем револт кај родителите по вчерашната тешка сообраќајна несреќа во Штип. Ќе протестирата пред училиштето
10.11.18   19:06

Прочитано : 1,631

Print This Article
loading...
loading...

Голем револт на родителите. Децата им се сé почести жртви во сообраќајот. Најавуваат радикални мерки, пренесе ТВ Стар.

Повод е вчерашната тешка сообраќајна несреќа пред СОУ „Коле Нехтенин“, кога за време на големиот одмор, на пешачки премин беше прегазен 15-годишен ученик. Детето, вчера помина неколку тешки операции на мозокот и во моментов е сместено во Кома центарот, а неговата состојба се уште е неизвесна.

Поради ова за во понеделник во 15.00 часот е закажан протест на родителите и учениците пред училиштето:

„ Се повикуваат сите родители во понеделник во 15.00 часот пред школото „Коле Нехтенин““ (ЕМУЦ). Ќе биде одржан протест за безбедност на нашите деца.“

Повикот следува , по голем број реакции и коментари на социјалните мрежи:

„Средношколците во понеделник да ги блокираат двете улици за да се реши проблемот, инаку се ќе си биде по старо. Кучињата лаат – караванот си оди. Сечки , со вас сме, организирајте се , ние сме со вас“

„Треба ние родителите да се организираме“

„Ајде да се организираме. Во понеделнк да се собереме со децата пред училиштето“

„И јас сум ЗА. Ајде“

„Дајте да се соединиме за заштита на нашите деца,да отидеме во училиштата и да најдеме решение .Во ова современо време да не можеме да си ги заштитиме децата е срамно за нашата земја .Пред сите училишта треба да има за време на одморот полиција додека да се направе тој мост или се поставе лежачкиот полицаец .И не само пред тоа училиште туку пред сите ,никаде не е безбедно од несовесни возачи .“

Според родителите, можности да се заштитат здравјето и животот на нивните деца има многу:

„Нека се направи некој мост или барем полиција нека има “

„Паметна идеја, за таму само мост е спас…Под мостот децата ќе одат и тоа не е спас….Епа затоа ќе се направи ограда, да не се оди под мостот , туку над мостот.“

„Таму треба да се ставе заштитна ограда, да не се излегува од училиштето директно на улицата“

Ова се само дел од коментарите на револтирани и загрижени родители. Вчерашната несреќа е последна во низата несреќи на ова место во која жртви се средношколци. Досега, на оваа локација имало преку 20 сообраќајки со тешки последици.

Ќе биде ли ова доволен аларм за конечно да се преземе нешто со оваа и со други небезбедни локации е прашање, но факт е дека нешто под итно мора да се прави. За животот на децата се работи.

  Категории: