(ВИДЕО) Фрчкоска: Дописите кои Јанева ги испраќаше од притвор беа напишани рачно и лично од неа, согласност со Законот за кривична постапка

(ВИДЕО) Фрчкоска: Дописите кои Јанева ги испраќаше од притвор беа напишани рачно и лично од неа, согласност со Законот за кривична постапка
16.09.19   18:37

Прочитано : 1,407

Print This Article

Опозицијата обвинуваше дека писмата на Катица Јанева испратени од притвор се пишувани на компјутер, но во денешното интервју за ТВ21, нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска вели дека тие се пишувани лично од Јанева рачно.

-Дописите кои Јанева ги испраќаше од притворот, беа напишани лично од неа, на рака. Процедурата за доставување на таа писмена коресподенција беше во согласност со Законот за кривична постапка член. 178 и тоа беше направено со знаење на органот кој ја спроведува истргата преку службите на затворот и преку судот и судијата на претходната постапка. Затоа сметам дека сите информации дека писмото е напишано на компјутер не се вистинити, односно се шпекулации – кажа адвокатката Ирена Фрчкоска за ТВ 21.