ВИДЕО: ЕУ и НАТО носат економски подем, но има ли Македонија работници да го додржат – тема во „Уреднички брифинг“

ВИДЕО: ЕУ и НАТО носат економски подем, но има ли Македонија работници да го додржат – тема во „Уреднички брифинг“
11.07.18   21:49

Прочитано : 507

Print This Article
loading...
loading...

Безбедноста и предвидливоста на земјата и на регионот се клучни за бизнисот, а НАТО е гаранција за тоа, вели претседателот на Стопанска комора на Македонија Бранко Азески. Приоритет треба да биде корегирање на слабостите според извештајот на Прибе затоа што се одразуваат директно на економијата, додава, и предупредува дека ден по завршувањето на формалностите ни НАТО ни ЕУ нема да ја подобрат економијата, туку тоа го можеме само ние, ако ги засукаме ракавите.

-И во бизнис заедницата и во граѓанството не се води доволно сметка дека во нашето опкружување имаме конкуренција. Мислиме дека само ние привлекуваме инвестиции и дека даваме најдобри услови. Тие реагираат и ги менуваат условите врз основа на проценките што ги имаат, вели Азески.

Според потпретседателот на Сојузот на стопанските комори Александар Милошевски, без разлика на евроатлантските интеграции, треба пресериозно да посветиме внимание на образованието на работниците.

-Велиме дека имаме голема невработеност, но од друга страна имаме проблем со недоволно или неквалификувана работна сила. Од наша страна, забелешката на којашто треба да работиме е квалификација и едукација на работната сила и да се ориентира образованието според потребите на бизнис заедницата, вели Милошевски и додава дека треба да се забрзаат административните процедури.

Според Азески, странските инвеститори ја исцрпеа преостанатата квалификувана сила, а голем број млади ја напуштија државата и со само неколку крупни странски инвестиции, домашните компании ќе имаат сериозен проблем. Како што објаснува, сега тие си ги преземаат работниците еден на друг и може да се очекува зголемување на платите, па нема ниту да бидеме препознаени или привлечни како дестинација со ниски плати.