(ВИДЕО) Епска битка на елфовите, џуџињата и орките во Чешка

(ВИДЕО) Епска битка на елфовите, џуџињата и орките во Чешка
23.06.19   10:15

Прочитано : 192

Print This Article
бб

Армии од околу 1000 џуџиња, елфови, орки и луѓе се судрија во епска битка во шума во Чешка. Не беше пролеана крв, затоа што ја глумеа битката од „Хобитот“ на Џеј Ар Ар Толкин со оружја од стиропор и други меки материјали. Борците добиваа одреден број животи, во зависност од тоа колку напор вложиле во костимите, а ги губеа секогаш кога ќе ги погодеше оружје.

Во главниот дел на приказната на Толкин, армиите на луѓето, џуџињата и елфовите се судираат меѓу себе за да контрола на богатството, но потоа се здружуваат против орките и гоблините. Но во играта во чешката шума, која се одржува од 2000 година, исходот не е предодреден, туку зависи од серија помали борби во текот на неколку дена.

Првата оригинална серија на арапски на Нетфликс, Џин, беше дочекана со критики во Јордан. Сцената во стариот град Петра, со тинејџери седнати околу камперски оган, како пијат, се бакнуваат и слушаат главна музика, беше една од неколку што ги разгневија конзервативните жители на муслиманската земја, кои на социјалните мрежи обвинија дека серијата е навреда за општествениот морал.

Ова не е бегство од затвор, туку група атлетичари што наместо во природа, се тркаат низ ходниците на стариот и веќе затворен англиски затвор Шептон Малет од 1610 година. Трката наречена „Зелената Милја“, според холивудскиот филм, траеше шест ипол часа, а учесниците трчаа низ ходниците и по скалите.

Атлетичарите беа облечени во пригодни затворски униформи, а трчаа во ритамот на песни како „Џејлхаус рок“ и „Ај вонт ту брејк фри“. По трката, освен медали, добија и порција затворска храна. Сите велат дека условите биле тешки, но искуството нема да го заборават. Организаторите велат дека ова е прв маратон во затвор во светот и се надеваат дека ќе стане годишен настан.

  Категории:
view more articles

Актуелно