ВИДЕО: Дубиоза Колектив со нов албум #fakenews и нов член во бендот - Robby Megabyte!! - погледнете го првиот спот

ВИДЕО: Дубиоза Колектив со нов албум #fakenews и нов член во бендот - Robby Megabyte!! - погледнете го првиот спот

Недостатокот на талент во рамките на бендот ги принуди Дубиоза Колектив да експериментираат со напредна вештачка интелигенција. Поради тоа го креираа ROBBY MEGABYTE – првиот човеколик робот кој им помогна да ги снимат песните на нивниот НОВ АЛБУМ кој излегува денес – #fakenewsTake My Job Away” е новиот сингл + видео од албумот кој е издаден од страна на Menart Records.

Балканскиот политички некоректен ска/панк бенд, во својата нова песна за прв пат го промовира Robby Megabyte – првиот музички човеколик асистент.Со употреба на најновите технолошки иновации во музичката индустрија, Дубиоза Колектив го истакнуваат недостатокот на талент на Балканот кој се случува како последица од масовна миграција на уметници во Западна Европа, примамени од попрофитабилни кариери.

“Во текот на последните месеци, работевме напорно со Robby Megabyte на новите песни и сме задоволни со постигнатите резултати. Не само што е поверодостоен и потрудољубив од луѓето, туку поседува и огромен креативен потенцијал кој е овозможен од патентирани софтверски решенија развиени во Босанскиот Институт за Вештачка Интелигенција. Неговиот единствен интегриран autotune процесор на глас е толку напреден што заштедува драгоцено време во споредба со останатите пејачи од човекова природа.”

Преку новиот албум #fakenews, Дубиоза Колектив го изразуваат својот уникатен спој на бес и љубов кон животот и човештвото. Главната инспирација и тема која се провлекува низ сите песни на албумот е ширењето на лажни вести кое расте низ годините.

Освен Robby Megabyte, како гости на албумот се појавуваат и Manu ChaoEarl Sixteen од DreadzoneToma Feterman од Soviet Suprem и мексиканскиот бенд Los de Abajo.

“Во ерата на лажни вести, кликбејт новинарство, пропаганда и дезинформации, навистина е тешко да се разликува вистината од лагата. Нашите песни целат да ги разоткријат и исмејат лажните вести: миграцијата и бегалците не се дел од теориите на заговор, конзумацијата на марихуана не доведува до зависност од потешки дроги, роботите нема да ни ги превземат работните места, вештачката интелигенција нема да го окупира светот наскоро. Поголема е веројатноста дека  комбинацијата од политичарска алчност и климатски промени ќе ја направат Планетата Земја непогодна за живот.”

Дата на издавање: 28.01.2020
Артист: ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ
Наслов на албум: #fakenews
Издавачка куќа: MENARTПреслушај го новиот албум ТУКА
Превземи го новиот албум ТУКА

Не губи време на лажни вести – чуј го новиот албум на Дубиоза Колектив #fakenews!

Турнеjата на Дубиоза Колектив започнува на 5-ти февруари со трите веќе РАСПРОДАДЕНИ концерти во Чешка, проследени со концерт во Москва и клубска турнеjа во Велика Британија.Следете ги датумите на турнеjата ТУКА