ВИДЕО: Дождот отсече споредна улица во Кисела Вода

ВИДЕО: Дождот отсече споредна улица во Кисела Вода
Денешниот дожд што го зафати Скопје, во населбата Кисела Вода, во близина на стовариштето на „Треска“ отсече една споредна уличка што води кон улица Кавалска.

На терен работат екипи со градежна механизација и има полиција која го пренасочува сообраќајот.

Обичен дожд уништи асфалт: Се поплавија куќи во скопска Кисела Вода

Posted by skopje1.mk on Среда, 19 јуни 2019

Општина Кисела Вода почна во населбата да прави атмосферска канализација, но денешниот дожд го дораскопа патот.

фото: 1т

видео: Скопје1