ВИДЕО: Дилеми по средбата Меркел – Заев: Гости во Студио 1 Фрчковски и Ѓорчев

ВИДЕО: Дилеми по средбата Меркел – Заев: Гости во Студио 1 Фрчковски и Ѓорчев
14.06.19   19:16

Прочитано : 764

Print This Article
ѓорчев фрчковски

По Берлин – Брисел. Малку надеж, големи обврски. Зошто датумот за преговори стана внатрешно политички притисок за Заев. За избори, за реформите што чекаат, за внатрешните предизвици. На оваа тема во Отвореното Студио 1 со уредникот Александар Чомовски зборуваа Љубомир Фрчковски, декан на факултетот за правни науки при Универзитетот ФОН и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

Фрчковски вели дека земјата отприлика го добила тоа што го сакала со влезот во Нато и сега останува да завршат некои работи во внатрешната политика.

-Еднаш, два пати реков дека тоа бркање датум изгледа патетично. Имам разбирање за жестокоста на Владата дека се труди да го избоксува до максимум, но тоа стана некаков јадец во кој несреќно опозицијата се заврза, се фатија за датумот и велат ако не се направи, падна Заев. Тоа е тажно. Но отприлика добивме тоа што го сакавме оваа година Нато, ако ја тргнете на страна оваа патетика, сега останува да завршат некои работи околу владините политики внатре во земјата, рече Фрчковски.

Ѓорчев смета дека е лошо тоа што Заев и Меркел немале заедничка изјава и дека освен со промена на името, Зоран Заев немал со што да се пофали.

Зоран Заев не избоксува ништо, доби ново одлагање и се покажа како и за многу теми дека не ја зборува вистината. Имавме јасна изјава, имаше селфи слики во авион дека почнуваме преговори во јуни 2018, сега една година потоа преговорите не се почнати. Лош знак е што немаше заедничка изава со Меркел која мислам дека беше во недостаток на пофалби, но беше доволно културна за да не изрече пофалби бидејќи не се заслужени. Германија сака да има напредок, но во случајот на Македонија освен што Зоран Заев направи со промена на името, нема со што да се пофали, истакна Ѓорчев.

Дебата во која директно учество земаа и гледачите погледнете ја во видеото:

  Категории: