(Видео) Дел од демонстрантите кои упаднаа во РТС ќе бидат ослободени – 1ТВ во живо од Белград

(Видео) Дел од демонстрантите кои упаднаа во РТС ќе бидат ослободени – 1ТВ во живо од Белград
19.03.19   21:06

Прочитано : 213

Print This Article

Неколку дена по упадот на демонстрантите во српската национална телевизија РТС, екипата на 1ТВ известува од Белград. Новинарката Кристина Атовска ја пренесе тамошната атмосфера и сите најнови политички случувања во земјата.

-Претседателот Александар Вучиќ изјави дека ќе ги амнестира лицата кои беа осудени, но не сите, не оние кои влегле со оружје во РТС. Има и една група за која рече дека е надлежен судот, и дека не е во негова надлежност да ги аболицира бидејќи се работи за прекршочни постапки кои сѐ уште не се завршени, извести Атовска.

Известувањето од Белград како и дел од интервјуто на Атовска со лидерот на демократска партија Зоран Лутовиќ можете да ги погледнете во видеото.

  Категории: