ВИДЕО: Данокот на кириите се зголемува од 10% на 15%

ВИДЕО: Данокот на кириите се зголемува од 10% на 15%
8.11.18   16:09

Прочитано : 1,200

Print This Article
loading...

Ќе плаќаат ли граѓаните поскапи кирии, со даночната реформа на Владата ?!

Освен зголемувањето на персоналецот за плати над 90 илјади денари, во државната каса повеќе пари ќе се собираат и од оние граѓани кои изнајмуваат станови и деловен простор.

Ако сега данокот за нив е 10% со измените даночната стапка ќе изнесува 15%.

Ако одредено лице зема 12 илјади денари од станот кој го издава и за тоа сега плаќа данок 840 денари, со измените оваа сума ќе се зголеми речиси за половина, односно 1 530 денари.

Зголемувањето на данокот за 50 проценти, го отвора прашањето – дали владата ќе успее да ги оствари очекувањата за повисоки приливи во буџетот или ќе се случи обратен ефект – се повеќе граѓани да ги издаваат своите недвижности на црно.

Инаку освен ова, државата повеќе пари во буџетот ќе собира и од граѓаните кои играат игри на среќа.

Така наместо досегашните 10% кои обложувалниците ги минусираа од добивката, сега ќе наплаќаат минус 15% од добиената сума.

Ако досега клиент кој остварил добивка од 2 илјади денари, а од оваа сума во државната каса влегле 195 денари, со измените ова зголемување ќе стигне и до 5 евра. Колку добивката е поголема, толку зголемувањето ќе биде поизразено.

За прв пат, се воведува и данок на каматите што граѓаните ги добиваат на своите заштеди во банките.

Ова ќе важи доколку каматата е повисока од 15.000 денари.

Извор: Канал 5

loading...
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести