ВИДЕО: Дали на Мечкин Камен се скандираше „Северна“ или се ширеа лажни вести и монтажи?

ВИДЕО: Дали на Мечкин Камен се скандираше „Северна“ или се ширеа лажни вести и монтажи?
2.08.19   22:43

Прочитано : 3,781

Print This Article

Денеска на социјалните мрежи и на дел од порталите беше објавена снимка со тврдење дека дел од граѓаните присутни на прославата на Мечкин Камен скандирале „Северна, Северна“.

Беше објавена и уште една снимка на која, како што пишува Нетпрес, граѓани на прославата скандираат „Никогаш Северна, само Македонија“.

Никогаш северна,само МАКЕДОНИЈА👌🇲🇰#УМС нема да ја замолчите!!!

Posted by Filip Mitreski on Петок, 02 август 2019

Снимките предизвикаа најразлични коментари а вечерва на својот Фејсбук профил реагираше и Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност на премиерот Заев.

„Дезинформаторите шират срамна монтажа во која лажат дека граѓаните наводно скандирале “Северна Северна” на Мечкин Камен. Тоа е лажна, фејк, тажна продукција од нивните подрумски центри за манипулација. Тоа доаѓа од оние кои не можат да се помират дека во нашата земја доминира и победува концептот на заедништвото. Денес во Крушево ечеше од зборовите Илинден, македонски, Македонија, заедно, иднина. Тие што беа на Мечкин Камен знаат дека денес граѓаните заедно ја пееја “Денес над Македонија се раѓа…”. Денес се скандираше за иднината, за Републиката, за химната, за македонскииот јазик. Во Крушево ечеше паролата “Сите сме деца на Илинден!”, напиша Забрчанец.