ВИДЕО: Cute PandasDM – браќата Дарко и Мартин кои ќе ве насмеат до солзи

ВИДЕО: Cute PandasDM – браќата Дарко и Мартин кои ќе ве насмеат до солзи
22.06.19   15:57

Прочитано : 1,093

Print This Article

Браќата Дарко и Мартин Трпески за кусо време, поради нивните пренкови, станаа ѕвезди на Јутјуб. Нивната харизма, шегите што ги прават и притоа ги снимаат со видео запис, ги направија омилени меѓу скопјани.

„Со брат ми Дарко ги гледавме видеата од американските пренкови и бевме нивни големи фанови. Ни текна дека тоа можеме да го правиме и кај нас и ете приказната започна. Се обидуваме да и бидеме интересни на публиката, да правиме разни шеги и фори, кои ги овекувечуваме со видеа, кои потоа ги ставаме на нашиот Јутјуб канал. Тоа што го правиме понекогаш е болно, но е забавно.Сакаме луѓето за момент да се среќни, да се смеат, да има забава. Идејата е таа, па ќе се обидеме да ја реализираме, вели Мартин.

Двајцата браќа се решени да одат до крај со пренковите и велат дека немаат лимит. Нивните фанови, се од ден на ден, со побројни и им даваат голема поддршка на двете момчиња да го реализираат својот сон, односно да станат светски популарни.

  Категории: