(ВИДЕО) Богатинова тврди дека Заев дошол во Канал 5 оти „било наредено“

Фер избори е императивот на Договорот од Пржино, не датумите

Фер избори е императивот на Договорот од Пржино, не датумите

Posted by Zoran Zaev on Tuesday, January 12, 2016
12.01.16   19:16

Прочитано : 16,240

Print This Article

Ние се изборивме за да има предвремени избори, но за тоа е потребна целосна имплементација на Договорот од Пржино, обезбедување на фер и демократски избори е императив на Договорот од Пржино, а не загарантираниот датум, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за Канал 5 Телевизија, одговорајќи на прашањето дали ќе има избори на 24. април, бидејќи Заев е несигурен после лошите резултати од анкетите на јавното мислење.

Фер избори е императивот на Договорот од Пржино, не датумитеФер избори е императивот на Договорот од Пржино, не датумите

Posted by Zoran Zaev on Tuesday, January 12, 2016

– Во Договорот од Пржино има дел од работите кои се завршени, како формирањето на Специјалното обвинителство, но има дел како слободата на медиумите и проверката на Избирачкиот список кои се нецелосни.

На прашањето за кадровските смени во МВР и МТСП, Заев рече дека конечно професионалци влегле во министерствата.

– Дали, според изјавата од 1. декември се уште ги смета дел од медиумите за најголеми непријатели? На ова прашање Заев ја повтори изјавата дека за жал некои медиуми се однесуваат како поголеми непријатели од неговиот политички непријател. Тој праша дали е рамномерна застапаеност во медиумите кога во три дена 10 пати на еден медиуми се емитуваат изјавите на Груевски.

На што следуваше реплика – ова интервју немаше да биде реализирано доколку не ви беше наредено.

Заев во интервјуто за Канал 5 информираше дека и ги предал сите материјали од прислушуваните разговори на специјалната обвинителка Катица Јанева и дека очекува тоа да го сторат Сашо Мијалков и Никола Груевски кои поседуваат многу повеќе материјали.

За него случајот Пуч е апсурд кој како таков и ќе заврши, веќе го презема и Специјалното обвинителство, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервјуто за Канал 5.