ВИДЕО: Бачев предизвика инцидент со навреди, вулгарности и пцости пред куќата на пратеникот Сашо Василески

ВИДЕО: Бачев предизвика инцидент со навреди, вулгарности и пцости пред куќата на пратеникот Сашо Василески
10.11.18   21:26

Прочитано : 3,787

Print This Article
loading...
loading...

Иако на почеток се чудеа зошто има полиција и тврдеа дека се дојдени во мир и се безопасни, потоа почнаа со закани со бесење и инциденти на протестите во Охрид.

Протестот започна со говори на присутните на кои се повикуваше на бесење на палми на пратениците Љубен Арнаудов и Сашо Василески, до повици да се дадела ортома сами да се обесел пратениКот Томислав Тунтев.

ВАСИЛЕСКИ ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ИЗЈАВА ЗА МЕДИУМИТЕ

Пратеникот Сашо Василевски за протестите пред неговиот дом вели дека се притисоци, а работата според него е премногу сериозна. Писмото кое демонстрантите му го доставиле, а со кое се бара тој да не гласа за уставни измени е доставено предоцна, вели Василевски, додајќи дека тие треба да го достават и до ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот кој гласаше за отпочнување на процесот за уставни измени рече дека треба да се стави крај на поделбите меѓу Македонци и Албанци бидејќи како што рече Василевски, „тие се наши браќа и така треба да живееме“.
„Писмото треба да се достави и до друга адреса, тоа е мојата матична партија. Тие во изминативе 11-12 месеци не преземаа никакви активности за релаксирање на оваа состојба. Јас го притиснав зеленото копче без притисок и без грам на совест која би ме мачела. Тоа е бидејќи лажниот патриотизам кој 30 години не мачел, да го ставиме зад врата. Македонија има еден пат а тоа е ЕУ и НАТО. Ќе се борам како пратеник да го јакнеме стратешкото партнерство со САД. Тоа можам да ви го гарантирам, бидејќи е единствена наша перспектива. Лажниот патриотизам ќе биде присутен уште некое време и ќе го нема“, рече Василевски.
Запрашан што се случува во ВМРО-ДПМНЕ од каде Василевски го исклучија, тој рече дека таа партија е кодот на македонскиот народ. Пратеникот вели дека иако е исфрлен, тој е ВМРО и ќе остане ВМРО.
„Во моментов сум исклучен од партијата, но мене никој не може да ме исклучи. Во ЕПП, во Хелсинки беа повикани две делегации, а тоа кажува многу. Тоа кажува дека моменталното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е изолирано од ЕПП. Затоа беше повикана втора делегација, која е за реформи и демократски систем на размислување во партијата, оти никаква дебата не беше отворена по повод уставните измени. Не можете вие како лидер на партија да се затскривате зад нардорот, зад тие виртуелни милион и двесте илјади гласачи. Тоа не е дозволиво за лидер на најголема опозоциона партија. Имаше референдум, беше кажано дека ќе се излезе или нема да се излезе. Мојата партија бојкотираше, затоа овие бројки не се реални“, додаде Василески.
Пратеникот вели дека пратеничката група на „Независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ имала официјална средба со Палмер, каде оствариле средба за прашањето што доколку пропадне договорот со Грција

Извор: Охрид1