ВИДЕО: Автобус лета со над 140 км/час на автопатот Тетово-Скопје

ВИДЕО: Автобус лета со над 140 км/час на автопатот Тетово-Скопје

Порталот Tetova1 објави видео од автобусот кој на автопатот Тетово – Скопје се движи со над 135 километри на час.

Видеото е направено од автомобил, а возачот се обидува да го следи автобусот, но му оди тешко. Патем покажува на брзиномерот со кој тој се движи, а тоа е 140 км на час. Автобусот дури и повеќе.