(ВИДЕО) Арсовска: Уметниците го чистеа клинички за да ја подигнат јавната свест

(ВИДЕО) Арсовска: Уметниците го чистеа клинички за да ја подигнат јавната свест
13.07.18   21:08

Прочитано : 173

Print This Article
Arsovska

Прво европските амбасадори го чистеа кејот на Вардар, а денеска уметниците и културните работници го чистеа дворот на клиничкиот центар. Иницијативата е на актерката Сања Арсовска, која вели дека актерите по работната сезона сега се помалку ангажирани, па можат да го искористат времето за нешто од општествена корист.

-Идејата почна од чистење, но не знам каде ќе заврши. Претпоставувам дека ова лето ќе се фокусираме само на чистењето на некои критични точки и локации каде што нема служби за одржување, а можеби, ако следнава година сфатиме дека повторно има потреба да се активираме општествено, ќе зафатиме некои други сегменти и области, вели таа.

Актерката смета дека одлуката паднала на клинички бидејќи бил во најлоша состојба, со најголема фреквенција на луѓе, па сакале да бидат видени и да ја искористат професијата за да ја подигнат јавната свест.

  Категории: