(Видео) Анкета на 1ТВ и „Рејтинг“ – Поддршката на граѓаните за евроатлантските интеграции постојано расте

(Видео) Анкета на 1ТВ и „Рејтинг“ – Поддршката на граѓаните за евроатлантските интеграции постојано расте
24.09.18   20:13

Прочитано : 1,453

Print This Article

Како што наближува денот на референдумот, поддршката за членството на Македонија во ЕУ и НАТО е во постојан раст – ова го покажуваат податоците на новата анкета на агенцијата Рејтинг, спроведена по барање на 1ТВ.

Дури над 78 отсто од испитаниците рекле дека ги поддржуваат евроатлантските интеграции, што претставува највисока поддршка за последната половина година, кога беше потпишан преспанскиот Договор, кога околу 66 отсто од граѓаните ги поддржале ЕУ интеграциите.

Што се однесува до конечната спогодба со Грција, речиси половината од прашаните граѓани, дури 48 проценти одговориле дека можело да се постигне подобар договор во иднина, додека пак 32 отсто се задоволни од постигнатото решение.

Нешто повеќе од половина, или речиси 53 проценти иод граѓаните, според ова испитување, сметаат дека Македонија се движи во правилна насока, додека пак една третина или 34% не го делат нивното мислење. 10ина отсто од испитаниците пак сметаат дека земјава е во статус кво, односно не се движи ниту во правилна ниту во погрешна насока.

Сличен е односот во бројките на испитаниците кои се задоволни, односно незадоволни од работата на актуелната владина коалиција.

Мнозинството граѓаните смета дека референдумското прашање е јасно и недвосмислено. Со ова тврдење се согласуваат 57,1% од испитаниците додека не се согласуваат 32,9%. Останатите не биле сигурни или одбиле да дадат одговор.

Испитаниците биле прашани и за коментар за референдумската кампања и контра- кампања, при што се забележува дека поддршката за кампот за бојкот е речиси безначителна, односно ја поддржуваат само 28 отсто од испитаниците.

Агенцијата Рејтинг извршила и мерење на рејтинзите на политичките партии при што резултатите покажуваат предност на СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ. Доколку утре се одржуваат парламентарни избори, СДСМ би освоила 23,9%, ВМРО-ДПМНЕ 19,2%, ДУИ 5,6%, ДПА 1,6%, Беса на Африм Гаши 1,5%, Беса на Билал Касами 0,9% и Унија на Албанците 3,0%. Останатите партии имаат под 1%. Како неопределени се изјасниле 36,1% од анкетираните а 6,2% рекле дека нема да гласаат.

Анкетата е спроведена по пат интервју лице в лице на репрезентативен примерок од 1066 испитаници во периодот 11 до 16 септември.

 

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести