(ВИДЕО) Ахмети: Нема за атер да влегуваме во предизборна коалиција со СДСМ

(ВИДЕО) Ахмети: Нема за атер да влегуваме во предизборна коалиција со СДСМ
23.10.19   22:38

Прочитано : 1,776

Print This Article

Коалициските партнери СДСМ и ДУИ имаат различни позиции за можна предизборна коалиција. За Али Ахмети, коалиција со партијата на Зоран Заев нема да и биде од корист на ниту една од страните. Според него, такви предизборни коалиции се логични само на локално ниво или како што беше случајот на претседателските избори.

“Мислам дека таква предизборна коалиција нема да му користи ниту на СДСМ ниту на ДУИ. Не мислам дека ние ќе бидеме спасители и да влеземе во такви предизборни коалиции поради атер. Тоа нема да му помогне ниту на СДСМ ниту на ДУИ. Се уште постојат разлики во програмите. Ние имаме програмски разлики на национални линии“-изјави Ахмети во емисијата “Аргумент“, пренесе Алсат.

  Категории:
view more articles

Останати вести