(ВИДЕО) Ахмети: Не сакам да помислам на избори без опозицијата

(ВИДЕО) Ахмети: Не сакам да помислам на избори без опозицијата
16.01.16   10:21

Прочитано : 2,230

Print This Article

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по 10 часовните преговори излезе со став дека иако не дошло до никаков договор, не сака да помисли на избори без опозицијата. Тој рече дека ќе преговараат се додека не дојдат до заеднички договор, пренесе А1он.

– Преговорите ќе продолжат, а се надеваме дека и опозицијата ќе продолжи со преговори. Сите треба да делуваме заедно, рече Ахмети.

Тој рече дека преговорите биле многу динамични и дека трите партии се договориле изборите да се одржат на 24 април, а само СДСМ барала одложување на изборите.

Според него, мора да се постават државните интереси над партиските и сигурно е дека сите страни имаат разлики.

ВИДЕО – А1он

 

  Категории: