(Видео) 80% шанси Договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент – новинарот Фиљос Стангос за 1ТВ

(Видео) 80% шанси Договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент – новинарот Фиљос Стангос за 1ТВ
23.01.19   22:33

Прочитано : 420

Print This Article

За тоа што се случува во Грција и кои се шансите Договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент, за 1ТВ зборуваше новинарот Фиљос Стангос од Солун, кој е и директор на локалната телевизија „Сто“.

-Гласањето за ратификација на Преспанскиот договор треба да се случи во четврток навечер во Атина. Би рекол дека постојат 80% шанси договорот да биде ратификуван од страна на грчкиот парламент, затоа што освен пратениците од Сириза, има уште 7-8 пратеници кои не се од Сириза, но кажаа отворено дека ќе го поддржат Договорот. Прашањето е многу поларизирачко, пред грчкиот парламент ќе се одржат масовни демонстрации и грчката полиција се плаши дека демонстрантите може да се обидат да го запоседнат парламентот, па ќе биде подигнато нивото на безбедност од страна на полицијата, вели тој.

  Категории: