(ВИДЕО) 360° Заев: Проширувањето ќе биде тема и во ноември, но сега малку ќе закочам со мојата надеж и оптимизам

(ВИДЕО) 360° Заев: Проширувањето ќе биде тема и во ноември, но сега малку ќе закочам со мојата надеж и оптимизам
22.10.19   00:18

Прочитано : 983

Print This Article

Премиерот Зоран Заев во интервју за „360 Степени“ потврди дека на покана на италијанскиот премиер Џузепе Конте следниот вторник (29 октомври) ќе оди во посета на Рим, како и дека проширувањето треба да биде тема на советот за општи работи (ГАК) кој ќе се одржи на 19-ти ноември. Сепак, вели дека веќе не е толкав оптимист.

„Сега јас малку ќе закочам со мојата надеж и оптимизам, нели, бев најголемиот оптимист. Ние да си работиме, а тие, дај боже, побрзо да одлучат да ги отворат поглавјата за нас, односно да ја донесат одлуката за почеток на преговорите. Јас ја поздравувам секоја иницијатива. Италијанскиот премиер Конте е многу гласен, тој ги дава изјавите. Ме покани. Јас сум во вторник на 29 октомври во 13:30 часот кај него. Ќе се видиме, ќе имаме изјави, ќе имаме заеднички ручек и од таму заминувам на последната вечера на Федерика Могерини со нас премиерите на Западен Балкан. Конте ме кани токму за таа тема, ми кажуваат дека во ноември треба да се одржи ГАК, кадешто треба да се врати темата на проширувањето, а тоа е добро за мојата земја. Веќе работат и други премиери, да не зборувам од АЛДЕ груп, се вклучени доста премиери. Работи ЕПП, работат моите социјалисти и социјалдемократите на ова прашање. Но, тоа е дебата којашто треба внатре да ја решат “, рече Заев.

  Категории: