(ВИДЕО) 360˚ Тахири: Силјановска ќе ја доживее судбината на Тито Петковски од 1999 година

(ВИДЕО) 360˚ Тахири: Силјановска ќе ја доживее судбината на Тито Петковски од 1999 година
24.04.19   08:31

Прочитано : 2,401

Print This Article

Универзитетскиот професор Сефер Тахири, во дебата во емисијата „360 Степени“ на Алсат, го анализираше првиот круг од претседателските избори и очекувањата за вториот.

– Ние имавме изјави, според мое мислење, чудни, за жал такви беа на госпоѓа Силјановска во кампањата, не влегувајќи во анализаата на историјата на проценки и нејзини ставови, за многу прашања, за Охридскиот договор, Законот за територијална организација, Законот за јазиците… ние имавме изјава која ако ја парафразирам е вака – зошто Македонија да не биде држава на Македонците исто како што може да биде Србија на Србите, Грција на Грците, Бугарија на Бугарите. Независно на толкувачкиот контекст кој може да се даде таа изјава е кажана во контекст, Македонија е национална држава, и националниот идентитет не е етнички идентитет, и не мислела таа дека тоа што се зборуваше за политичкиот наратив, не е мислено да каже дека Македонија е сопственост, или дека треба да биде само на Македонците. Јас можам да го објаснам аспектот на прифаќање и рецепирање на гласачот Албанец на оваа изјава. Оваа изјава кај Албанците се чита текстуално вака, Македонија е чиста етничка држава на македонскиот народ и само на Македонците, и другите нема што да бараат тука – рече Тахири.

Запрашан за можните комбинации пред вториот круг, и дали постои веројатност за некаков договор меѓу опозицијата од македонскиот и од албанскиот блок за предизвикување предвремени парламентарни избори, Тахири ја отфрли оваа можност.

– Села и Касами, сите се свесни за актуелното политичко расположение на Албанците во однос на ВМРО-ДПМНЕ и г-ѓа Силјановска. Јас се трудам во ова студио и во останатите студија да ја пренесам оваа политичка волја на Албанците. Јас не велам дека во иднина Албанците ќе се најдат во некое вкрстување на патиштата со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тоа може да се случи со едно реформирано ВМРО-ДПМНЕ. Со овој дискурс, со изјавата, видете, се обидувам да ви објаснам само со еден пример. Судбината на г-ѓа Силјановска ќе биде судбината на Тито Петковски во 1999 година. Не велам дека Пендаровски ќе ја има судбината на Борис Трајковски во 1999 година, но приближно ќе биде истото – рече Тахири.

  Категории: