(ВИДЕО) „360 степени“: Колкав е реалниот број вработени во јавниот сектор?

(ВИДЕО) „360 степени“: Колкав е реалниот број вработени во јавниот сектор?
1.10.15   13:36

Прочитано : 1,474

Print This Article

Поранешниот министер за финансии Никола Поповски смета дека владината бројка за 128 илјади вработени во јавниот сектор не е одраз на реалната состојба. Според Поповски, во јавниот сектор има околу 140 илјади постојано вработени плус околу 30-40 илјади ангажирани со договори на дело. Настапувајќи во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат-М, Поповски го критикуваше вицепремиерот Муса Џафери за изјавата дека нема политичка волја за спроведување на Рамковниот договор и дека не е постигнато потребното ниво на соодветна и правична застапеност, без притоа да соопшти бројки во поткрепа на тоа свое тврдење.

360

Поповски рече дека е недозволиво за некого како Џафери, кој е 15 години во Владата, да дава таква изјава и дека „со наведната глава за време на владините седници“ ништо не може да се постигне, алудирајќи на однесувањето на вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор. Поповски ги оцени за нереални владините проекции во предлог-буџетот за 2016 година.

  Категории: