(ВИДЕО) 360° Селмани: Со 80 гласови „За“, интимно им олесна и на најголемиот дел од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) 360° Селмани: Со 80 гласови „За“, интимно им олесна и на најголемиот дел од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ
20.10.18   20:26

Прочитано : 1,193

Print This Article

Поранешниот вицепремиер и министер Имер Селмани, во дебата на „360 Степени“ која се емитуваше во живо веднаш по гласањето за отворање на постапка за уставни измени го коментираше новосоздаденото двотретинско мнозинство и атмосферата по гласањето.

– Глетката пред парламентот е уште еден доказ дека и тие луѓе коишто јавно можеби сите овие денови беа против Договорот од Преспа, против уставните промени, интимно и на нив им е олеснато вечерва, затоа што знаат и убедени се дека само преку уставните промени и имплементација на Договорот од Преспа, Македонија ќе биде сигурна, безбедна, развиена држава, членка во НАТО и Европската Унија и земја којашто ќе им гарантира иднина и перспектива на младите. Кој е тој родител, без разлика дали е 30-годишен или 70-годишен, којшто не сака на своите внуци и на своите деца да им гарантира сигурна иднина? И ако цел свет од Америка до Европа ни вика – ова е патот, преку овој пат треба да изодите за да стигнете до вистинското место, мислам дека секој родител, секое семејство тоа го посакува, и фактот дека нема ниту некој што протестира, ниту што демонстрира, е еден доказ плус дека интимно им олесна и на најголемиот дел од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ. Во таа насока, ќе бидат запаметени тие пратеници и ќе бидат запишани како вистински големи патриоти, овие вечерва коишто гласаа зелено за уставните промени, и тие сите што ќе гласаат наредните 2 пати, а очекувам таа бројка да биде уште поголема – рече Селмани.

  Категории: