(ВИДЕО) 360˚ Интервју со Пендаровски: Не должам никому ништо за изборот на претседател

(ВИДЕО) 360˚ Интервју со Пендаровски: Не должам никому ништо за изборот на претседател

Погледнете го интервјуто на „360 Степени“ со претседателот Стево Пендаровски:

Изминатиот период имаше несогласувања на релација Собрание-Претседател во однос на потпишување на указите на законите. Значи ли сега дека власта доби човек кој по дифолт ќе потпишува се што стигнува на Водно?

Не, затоа што ја не сум тотално опозитен на Иванов. Он по дифолт не потпишуваше со оваа власт, а по дифолт потпишуваше се со претходната власт, која го донесе на власт. Така што кај мене ќе биде секој закон индивидуално проценуван.

Критичарите велат дека Пендаровски и СДСМ допрва ќе треба да испорачаат за поддршката што ја добија од коалициските партнери, се чувствувате како должник некому?

Не, јас ги гледам тие, секој од коалиционите партнери сака да каже дека неговиот влог бил поголем, па лицитираат со бројки кои се апсолутно нереални. Не сакам да кажам дека моите бројки се само од мене заслужени. Тие 433 000 гласови се секако и гласови на коалиционите партнери, 31 коалиционен партнер или политичка партија, се разбира и граѓани кои не се здружени во политички партии, граѓани од сите етнички заедници. Верувам дека овие 433 000 се сите луѓе со име и презиме кои индивидуално дури и неслушајќи ги партиските директиви решиле да гласаат за мене.

Дали ги имате веќе контурите за тоа кои луѓе би влегле во претседателскиот кабинет?

Да, со тоа што контурите само, околу 10 до 15 луѓе претпоставувам дека ќе ми требаат во тој најблизок круг на соработници без обезбедувањето кое доаѓа од МВР и тука еве една ексклузива да ви кажам, се обидов со некои наши луѓе кои се со референци во странство да контактирам, од некои добив позитивен сигнал и сега чекам да видам како тоа ќе го аранжираме, значи ќе има луѓе од овде и ќе има луѓе, наши државјани се разбира кои ќе бидат дел од мојот кабинет, меѓутоа сакам да се потпрам на луѓе кои имаат свое професионално CV, не на луѓе кои партиите ќе ми ги наметнат и луѓе кои по можност немаат директна партиска релација за да не ги именуваат како партиски војници.

Во кампањата најавувавте дека ќе ги намалувате привилегиите на претседателот. Останувате на тоа?

Останувам на тоа и сега најголемата забуна настана околу местото каде што ќе се живее. Јас би сакал малкумина тоа го знаат и јас не го знаев, горе резиденцијата е само работен дел, претседателот спие во таа стара резиденција, погоре што е малку на Водно. Тука може да се направи некаква редукција, меѓутоа луѓето од безбедносните служби велат дека ќе биде проблем да останам да живеам кај што сум сега, а да одам на работа во новата резиденција. Јас живеам во зграда кај што има 19 станови само во тој влез, и уште два влеза плус  и веројатно нивниот секојдневен режим на живеење ќе трпи, заради тоа што треба да има некакви мерки на заштита кон мене и кон моето семејство, како што вели законот, и мислам дека комплетно ќе одам на Водно и со живеење и со работни простории. Инаку, во делот на останатите активности ќе се потрудам, и тоа ќе го видите веќе од првиот ден, здравје Боже, кога ќе поминува претседателот по улиците, да не се забележува дека поминува. Значи нема да биде блокиран целиот сообраќај или целиот град да страда да чека во било какви временски услови, додека помине таа колона со рото-светла итн.

Вашата кампања ја обележа тоа фамозно југо, кое се споменува се уште, дали со него ќе патувате или со службено возило?

Имав предлог од еден од мојот пр-тим, од луѓето кои ми помагат, да на главниот скопски митинг на 14 пред првиот круг дојдам до бина со југото, меѓутоа јас му реков дека југото долги години не е во функција. Последните години му го дадов на дедото да го употребува, меѓутоа и тој ми се жали дека не може да го запали најчесто на сабајле, така што и да сакам не можам да го направам тоа.

Што ќе им порача на граѓаните новиот претседател?

Им реков многупати на луѓето, им велев, немојте да очекувате од мене политички чуда, затоа што еден човек не може да направи не знам какви работи за својата држава, ако сите други институции не функционираат како што треба. Мислам дека најголемо очекување кое луѓето го имаат од мене  и кој е најголем товар за мене но, имам намера да го спроведам е некако да се обидам да го намалат тој јаз меѓу главните политичките партии. Многу е важно мнозинството во овој момент, а јас доаѓам од мнозинството, политичко во овој момент, важно е да се вложи себеси, да го заштити малцинството, политичко, па дури и да му даде некоја привилегија плус, да дури и му даде право плус, затоа што власта по дефиниција носи привилегии повеќе и моќ, значи моја задача како претседател на сите граѓани ќе биде опозицијата да ја кренам малку погоре и да ја консултирам прво неа за битните законски проекти, па потоа владините партии.