(ВИДЕО) 360° Фрчкоска: Снимките не може да бидат докази во „Рекет“, прибавени се на незаконит начин

(ВИДЕО) 360° Фрчкоска: Снимките не може да бидат докази во „Рекет“, прибавени се на незаконит начин
21.09.19   09:16

Прочитано : 816

Print This Article

Ирена Данаилова-Фрчкоска, aдвокатка на Катица Јанева, во интервју за „360 Степени“, зборуваше за доказите кои и биле презентирани против Јанева од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, велејќи дека и биле презентирани селектирани докази.

„По она што го видов, од материјалните докази не произлегува било каква инволвираност или индиции на постоење на основано сомнение дека Јанева го сторила делото кое и се става на товар“, вели Данаилова-Фрчкоска.

Запрашана за снимките во кои се слуша како Јанева директно комуницира со осомничено лице во предмет за којшто СЈО води истрага, таа рече дека тие разговори ги толкуваат во насока на изјавата на Јанева, односно дека се работело за евентуална соработка како заштитен сведок во друга постапка.

Данаилова-Фрчкоска вели дека ќе треба да се види дали снимките воопшто ќе може да бидат искористени како докази во кривичната постапка.

„Не може да се поистоветат снимките коишто Специјалното јавно обвинителство ги третираше како докази и овие снимки. Снимките од нелегалното прислушкување беа озаконети со Законот за СЈО, а овие докази се третираат како докази кои се прибавени на незаконит начин и како такви треба да бидат издвоени во постапката“, рече Данаилова-Фрчкоска.

Таа најави дека веројатно ќе бараат нивно издвојување.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести