(ВИДЕО) 360° Фрчкоска: Немало било каква координација со Заев, баш напротив, изјавата влијаеше негативно за притворот

(ВИДЕО) 360° Фрчкоска: Немало било каква координација со Заев, баш напротив, изјавата влијаеше негативно за притворот
21.09.19   14:20

Прочитано : 472

Print This Article

Ирена Данаилова-Фрчкоска, aдвокатка на Катица Јанева, во интервју за „360 Степени“, зборуваше за разговорот којшто го имала со премиерот Зоран Заев, а кој предизвика интерес во јавноста и тврдењата дека се работи за координација на Јанева со Заев за потезите коишто ќе ги влече.

„Апсолутно демантирам дека станува збор за било каква координација, бидејќи прашањето за притворот не е во надлежност на премиерот, ниту на Владата, што еве сега од денешен аспект се гледа дека практично притворот на Јанева и е продолжен и сите тие шпекулации коишто беа изнесени во јавноста минатите денови се покажаа како неточни“, рече Данаилова-Фрчкоска.

Таа се согласи со констатацијата дека Јанева е можеби и жртва на изјавата на Заев.

„Мислам дека тоа влијаеше многу негативно и врз органите коишто ја донесуваат таа одлука и практично на некој начин се оневозможи да и се укине притворот по основите по коишто ние како одбрана сметаме дека треба да и биде укинат“, рече Данаилова-Фрчкоска.

Данаилова-Фрчкоска кажа дека Заев се интересирал за дописот на Јанева до јавниот обвинител Јовески со кој ја префрла надлежноста на предметите од СЈО во ЈО, како оваа одлука ќе се одрази на правниот систем и како ќе продолжи понатаму да функционира СЈО.

„Воопшто не стана збор за кривичниот предмет „Рекет“, за истрагата, за дејствијата, воопшто не стана збор“, рече Данаилова-Фрчкоска.

Таа вели дека е легитимен интересот на јавноста за случајот бидејќи ова е еден од првите случаи кога еден јавен обвинител е во притвор, посебно што се работи за специјален обвинител, со посебна автономија и овластувања.

„Но, владеењето на правото и правдата подразбира судење врз основа на докази. Значи, јавниот интерес не може и не треба да влијае врз одлуките, ниту на судот, ниту на обвинителството. Од тие причини очекувам дека судот и обвинителството ќе постапуваат непристрасно, објективно, при донесувањето на одлуките“, рече Данаилова-Фрчкоска.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести