(ВИДЕО) 1ТВ во живо од Белград – каква е состојбата по политичката драма во Србија?

(ВИДЕО) 1ТВ во живо од Белград – каква е состојбата по политичката драма во Србија?
18.03.19   18:56

Прочитано : 164

Print This Article

Српските власти уапсија 18 демонстранти кои упаднаа во српската државна телевизија РТС. Опозицискиот Сојуз за Србија побара сите приведени да бидат ослободени додавајќи дека ги сметаат за политички затвореници. На оваа тема во живо од Белград се јави новинарката Кристина Атовска која ја долови тамошната атмосфера и ги пренесе сите најнови случувања од главниот град на Србија.

-Ние се наоѓаме пред РТС, токму овде пред 2 дена се случи упадот во телевизијата бидејќи демонстрантите беа незадоволни за тоа како тие известуваат за ситуацијата. Главниот уредник на РТС, Зоран Станојевиќ со кого имавме можност да разговараме вели дека нивната политика е таква каква што е бидејќи се државна телевизија. Пред тој разговор се одржа прес конференција на Сојуз за Србија се обратија помалите политички партии, но и граѓанските активисти и бараат од Вучиќ да ги амнестира сите 18 првидени лица. Од кои 7 завршија со експресни казни затвор во траење од 30 дена. Најголем проблем за овие затворски казни оние кои ги добија се средношколци и студенти, извести Атовска.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

  Категории: