ВИДЕО: Јовески: Законот за ЈО нуди силно, професионално и одговорно обвинителство

ВИДЕО: Јовески: Законот за ЈО нуди силно, професионално и одговорно обвинителство

Државниот јавниот обвинител Љубомир Јовески смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневно – политички потреби и интереси за резултат на пазарење.

„Затоа ни е неопходен закон за ЈО кој ќе обезбеди услови, основи за силно професионално и не селективно и одговорно обвинителство.

Решенијата во законот не треба да задоволуваат нечии дневно политички потреби и интереси, ниту да бидат резултат на пазарење, туку да го усогласат домашното законодавство со законодавството на ЕУ и на подобар начин да ја постават внатрешната организација на ЈО, пред се поради зголемување на ефикасноста во постапувањето изборот и унапредувањето на јавните обвинители и нивната одговорност“, рече Јовески на јавната дебата за последната верзија на законот за јавното обвинителство во Собранието.

повеќе